Секоја година Месечината се оддалечува

Месечината секоја година се оддалечува од Земјата

Месечината секоја година се оддалечува за околу 2,5 сантиметри од нашата планета, така што за неколку стотици милиони години, веќе нема да има Сончево помрачување, истакнуваат научници од НАСА.

Мерењата се вршени со ласери и панели наречени ретрофлектори, поставени од американски и руски мисии последниве неколку десетлетија.

Концептот на мерењето се состои во тоа колку долго ласерот испратен од Земјата патува до Месечината, се одбива од ретрофлекторот.

Ерван Мазарико од НАСА, е одговорен за проектот, кој од 2017 година се спроведува во градот Грас, јужна Франција, и тој тврди дека, иако не секогаш, тоа успева.

Од друга страна пак, Том Марфи, физичар од Универзитетот на Калифорнија, кој не е вклучен во проектот, вели дека времето, староста, како и надворешните влијанија ги оштетуваат панелите и тоа, многу веројатно, влијае на ефективноста на мерењата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *