Шефот на Amazon има богатство од над 200 милијарди

Извршниот директор на Amazon е еден од најбогатите луѓе на планетата

Џеф Безос веќе долго време е дел од престижната ранг-листа, каде често го оспорува првото место со Бил Гејтс. Економските ограничувања поврзани со пандемијата се чини дека не влијаеја на шефот на Амазон, кој дури и го зголеми своето богатство.

Новиот извештај на Forbes открива дека Џеф Безос стана првиот човек во светот што поседува личен капитал над 200 милијарди долари, откако шефот на Amazon со правилни деловни одлуки и инвестиции ги зголеми своите сопствености за дополнителни 4,9 милијарди долари.

Информацијата веднаш влијаеше на вредноста на акциите на компанијата, кои пријавија минимален раст од 2%.

Џеф Безос во моментов поседува околу 205 милијарди долари, повеќе од 90 милијарди долари пред вториот најбогат човек на светот, Бил Гејтс.

Најголемиот придонес кон овие резултати е промената на навиките на потрошувачите во контекст на коронавирусот.

Овие процеси доведоа до 80% зголемување на вредноста на акциите на Amazon во календарската година досега.

Добар пример е финансиската состојба на Џеф Безос, која беше проценета на околу 115 милијарди долари на почетокот на 2020 година.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments