Објавени цените на новите Intel 11th gen Rocket Lake процесори!
Silvio Berlusconi примен во болница поради коронавирус
Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони беше примен во болница во Милано поради Covid-19. Берлускони кој има 84 години, беше примен во болницата San Raffaele во Милано минатата вечер, но без никакви комликации.
„Тој имал симптоми и поради неговите години, побезбедно е да се лекува во болница“ изјави еден од припадниците на неговата партија. Поранешниот премиер добил позитивен тест во среда и неговиот личен доктор објави дека тој бил асимптоматски носител, но подоцна се појавиле и симптомите. Неговата партнерка заедно со синот и ќерката исто така се позитивни.
Берлускони имаше операција на срцето во истата болница во Милано во 2016 година.