Скапиот Sony Xperia 1 II

Скапиот Sony Xperia 1 II

Објавена е неочекуваната скапа цена на Sony Xperia 1 II. Очигледно дека Xperia 1 II според своите функции и карактеристики, нема да биде веќе солидна опција.

Sony овој модел го претстави пред неколку месеци. Новиот телефон на Јапонскиот технолошкиот гигант, кој поддржува 5G, се чини дека ќе биде со висока цена, иако се истакнува со своите моќни карактеристики, дизајн на прилично долг екран и камери кои нудат професионално искуство.

Според изјавата дадена од Sony, Xperia 1 II ќе излезе во продажба по неочекувана цена од 1.200 американски долари. Цената на новиот телефон направи скок од 200 американски долари во однос на Sony Xperia 1, кој беше објавен со цена од 1.000 долари.

Sony им подарува Bluetooth слушалки на оние кои ќе го нарачаат Xperia 1 II

Sony им подарува Sony WF-1000XM3 Bluetooth слушалки на оние кои ќе го нарачаат уредот се до 28 Јуни. Слушалките се едни од најдобрите безжични слушалки во пазарот. Од една страна додека Sony ги подготвува новите безжични слушалки WF-1000XM4, стариот модел ќе го подарува со својот нов модел на телефон.

Уредот доаѓа со процесот Snapdragon 865, 8 GB RAM, 256 GB внатрешно складирање и 5G поддршка. Исто така уредот има батерија од 4.000 mAh. Сепак сето ова не е доволно да ги оправда 1.200 долари.

Најголемата карактеристика што го издвојува Sony Xperia 1 II од неговите конкуренти е неговиот 6,5-инчен 4K HDR OLED екран дизајниран за љубителите на кино и серија со аспект од 21: 9. Sony ветува континуирано снимање 20 fps од страната на камерата. Ова е важна карактеристика за оние кои сакаат да фотографираат со предмети што се движат. Со нетрпение се чека како потрошувачите ќе реагираат на цените на Sony. Особено при толку висока цена, кога продажбата на телефони Xperia го погоди дното, може сериозно да ја намали популарноста на телефоните.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments