Словенија го произведе првиот електричен авион

Словенија го произведе првиот сертифициран електричен авион во светот

Словенечката авиокомпанија го произведе првиот електричен авион во светот, сертифициран од Агенцијата на ЕУ за воздухопловна безбедност (EASA), што значи дека ги исполнува безбедносните стандарди и може да се користи комерцијално.

Сертифицираниот тип на авиони значи дека може да се користи без ограничувања во комерцијални цели, и тоа е навистина чекор напред за воздухопловството како целина и ќе овозможи електрификација и многу поголеми авиони.

Авионот на батерија, “Pipistrel Velis Elektro”, мал двосед, наменет е за обука на пилоти. Може да лета 50 минути, плус резерва, што е типично за употреба во школите за летање, пренесува Reuters.

Pipistrel оваа година би требало да испорача 31 Velis Elektro за клиенти во седум земји.

„Ова е возбудлив продор за воздухопловството. Ова е првиот електричен авион кој EASA го сертифицирала, но сигурно не и последен, затоа што авио индустријата следи нови технологии за намалување на бучавата и штетните емисии, и за подобрување на одржливоста на авионите“, истакна извршниот директор на EASA, Патрик Кај.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments