Смартфоните ќе се продаваат без полначи

Apple и Samsung почнуваат нов тренд

Apple и Samsung веројатно ќе започнат нов тренд на пазарот кој нема да им се допадне на многу корисници.

Според гласините кои доаѓаат од најдоверливиот извор кога е во прашање Apple, аналитичарот Минг Чи-Куо, со новата генерација iPhone нема да се испорачуваат полначи, ни слушалки.

Иако многу корисници на уредите на Apple веќе имаат полначи и слушалки, јасно е дека тие може да се расипат или да ги изгубат.

Изгледа дека на истата тактика ќе се одлучи и најголемиот ривал на Apple на пазарот за мобилни телефони Samsung. Според гласините, од идната година некои од телефоните на Samsung исто така ќе се продаваат без полначи.

Веројатно оваа нивна тактика ќе почнат да ја применуваат и бројни други мобилни компании, додека производителите на смартфони кои ќе ставаат полначи во кутиите со телефоните тоа ќе го истакнуваат како дополнителна предност за да го купите нивниот уред затоа што корисниците нема да имаат дополнителни трошоци.

Некои од причините зошто Apple, Samsung, а можеби и останатите компании ќе се одлучат на таков потег се заштедите, затоа што цената на телефоните ќе биде веројатно иста, а полначите и слушалките ќе ги наплаќаат дополнително, а би заштедиле и пари на помали пакувања.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments