Со iPhone сега може да го отклучите и стартувате автомобилот

Apple ја лансираше новата софтверска надградба на оперативниот систем iOs 13.6 која на корисниците на iPhone ќе им овозможи нивниот смартфон да го користат за отклучување и стартување на автомобилот.
Со опцијата Digital car key на iPhone може да се поврзете преку NFC конекција и тоа само на модели на автомобили кои се компатибилни со iOs 13.6 системот. Станува засега за мал избор на автомобили од новата генерација, но нивниот број постепено ќе расте.
Инаку, многумина се грижат дека ваквото отклучување на автомобилот е многу ризично, може да доведе до зголемена кражба на смартфони, а последователно и на коли. Apple има преземено неколку мерки за заштита, на пример корисникот доколку го изгуби неговиот iPhone ќе може преку iCloud да ги избрише податоците за Digital car key.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments