Соларни автопати се развиваат во Германија и Австрија

Германија и Австрија со нова идеа за соларни автопати

Истражувачки центри во Австрија и Германија започнале со заеднички проект чија цел е развој на соларна централа на кров од автопатот, наречена PV-SÜD.

Сончевите панели кои би се поставиле над автопатите би биле различни од класичните, затоа што тие би пропуштале повеќе светлина, така што возачите не би возеле во мрак.

Сончевите панели се клучна технологија за префрлување на обновливи извори, но недостатокот на простор е често проблем за нивно ширење.

Австрискиот институт за технологија (AIT) се здружил со Fraunhofer ISE и компанијата Forster Industrietechnik со цел развој и изработка на прототип со кој би се открило дали таквите соларни единици се практични и дали може да се вклопат во постоечкото управување со одржувањето, како што е отстранување на снег од патиштата.

Од AIT велат дека објекти на кров не само што можат да произведат електрична енергија, туку и да го заштитат патот и да го продолжат неговиот животен век, а исто така можат да помогнат и во заштитата од бучава.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments