Sony ги враќа омилените бои на DualShock 4

Sony ги враќа омилените бои на DualShock 4 џоистикот

„Семејството DualShock 4 контролери продолжи да расте откако се појави пред речиси седум години.

Воведовме повеќе од 25 бои, од класичната Jack Black црна, преку Wave Blue сина, па до Sunset Orange портокаловата и Red Crystal црвената.

Сега најавуваме враќање на некои од поновите бои, кои ги вклучуваат Berry Blue сина, Red Camouflage црвена, Rose Gold златна и Steel Black црна”, објавија од Sony.

Компанијата Sony има намера да ги врати во продажба нешто поретките и поомилени бои на DualShock 4 контролерот овој месец.

Доколку на некој му е потребен нов џоистик за PlayStation 4 или пак планира да купи PlayStation 5, Sony потврди дека овие џоистици нема да бидат функционални за PS5 игрите, но дека ќе можат да се користат за компатибилните PS4 наслови.

Цената на џоистиците изнесува 64,99 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments