Sony објави електричен автомобил

Sony започнува со патни тестови на својот електричен автомобил

На овогодинешното издание на CES во Лас Вегас, Sony изненади многумина со презентацијата на својот електричен автомобил Vision-S.

Станува збор за автомобил кој има двоен мотор од по 200 kW, едниот поставен на предниот, а другиот на задниот крај на возилото. До 100 km/h стигнува за 4,8 секунди, а максималната е 240 km/h.

Vision-S има 33 различни сензори кои обезбедуваат автономија при возење, но и други опции, како што се препознавање на луѓе внатре и надвор од возилото. Препознавањето на луѓето во возилото овозможува за секој препознаен возач автоматски да се прилагодат параметрите за возење како што тоа лице претпочита.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments