SpaceX успешно изведе второ тестирање на Starship

Прототипот за ракетата Starship достигна висина од 150 метри

Прототипот достигна висина од 150 метри на тест-лансирањето во Бока Чика, Тексас. Ова беше втор успешен тест во изминатиот месец.

SpaceX на 4 август изведе малку поинаков скок на прототипот SN5 Starship.

Овојпат огромната структура од нерѓосувачки челик се подигна од лансирната рампа и зад себе остави огромни облаци бел чад, а откако достигна висина од 150 метри, следуваше спуштање на тлото.

Исто така, беше тестиран системот за контрола на притисокот на моторот Raptor за време на летот.

Овие тестирања се клучни за иднината на Starship бидејќи претставуваат специфични технички достигнувања.Tестирани беа комплексни системи на цевките на резервоарот за гориво, како и ракетниот мотор.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *