Spotify конечно достапен и во Македонија!

Стриминг платформата за слушање музика Spotify од вчера е достапна во Македонија, во пакетот со уште 12 други земји.

Во соопштението се истакнува дека Spotify сега нуди бесплатни услуги и претплата и во Хрватска, Србија, Русија, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Украина. Со ова, сега платформата опфаќа вкупно 92 земји.

Spotify е платформа од Шведска која крајот на минатата година го престигна и Apple како предводник на пазарот на легално симнување музика.

Има над 130 милиони претплатници и 260 милиони корисници.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments