Spotify тестира своја „Stories“ верзија како на Instagram (ВИДЕО)

London, UK – July 31, 2018: The buttons of the music streaming app Spotify, surrounded by Podcasts, Apple Music, Facebook and other apps on the screen of an iPhone.

Најпопуларниот стриминг сервис на светот за слушање музика Spotify  по прашање на можностите на платформата досега беше многу традиционален. Меѓутоа, однеодамна ја тестира својата верзија на „Stories“, која сега ги преплави речиси сите социјални мрежи.

Дека компанијата се решила на таков чекор, откри YouTube корисникот TmarTn, додека пребарувал „божиќна музика“. Откако отворил одредена плејлиста, забележал дека апликацијата укажува на нова можност. За среќа, тоа го снимил и го споделил со интернет заедницата.

„Приказните“ секако, не се ништо ново. Последни беа воведени на Twitter, под името „fleets“,  а бидејќи веќе некое време ги имаат Instagram, Facebook, па и WhatsApp, Spotify е музичка услуга, па оваа одлука од перспективата на корисниците е неочекувана и чудна. Сега е веќе евидентно дека оваа функција ќе пристигне на Android и iOS верзиите на апликациите.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments