TCL направи паметен часовник

Дизајниран за постари лица

Компанијата TCL, исто така, одлучи да ја прошири својата понуда, па го претстави новиот паметен часовник наречен TCL MoveTime Family Watch, креиран баш за постарите граѓани.

Овој уред има функции како следење на активности, препознавање на пад, следење на отчукувањето на срцето, како и можност за телефонирање без употреба на рацете.

Исто така, има можност да го потсети сопственикот да ги зема лековите и да вежба.

Слично како кај Apple Watch, мониторот за пулс ќе може да го извести корисникот ако открие неправилна работа на срцето.

овој паметен часовник е дизајниран со намера да им помогне на постарите лица да го одржат независното функционирање.

Семејниот часовник MoveTime има и IP67 рејтинг, што значи дека е отпорен на вода и прашина. Овој уред ќе биде претставен во Северна Америка и Европа до крајот на годината.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *