Телевизори кои се оптимизирани за PlayStation 5

Sony најави телевизори кои се оптимизирани за PlayStation 5

Телевизорите, кои Sony ги стави на листата на оптимизирани за PlayStation 5 се X900H 4K HDR Full Array LED и iZ8H 8K HDR Full Array LED моделите.

Овие ТВ уреди имаат Game Mode, кој на корисниците им овозможува играње со низок лаг и прилично стабилен FPS.

Sony подоцна во текот на годината ќе ја објави PlayStation 5 конзолата од следната генерација. Компанијата сега најави неколку телевизори кои се “Ready for PlayStation 5” и оптимизирани за конзолата.

Тука не се работи за нови телевизори, туку за модели кои веќе претходно се претставени, но според наводите на Sony ова се модели кои корисниците би требало да ги разгледаат при купувањето за да го добијат најдоброто PlayStation 5 гејминг искуство.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments