Tesla ќе гради нова гигафабрика

Tesla oдлучи каде ќе гради нова гигафабрика

Tesla планира да изгради нова гигафрабрика во близина на Austin, Texas, објави нејзиниот сопственик Elon Musk.

Tesla во оваа фабрика ќе ги произведува моделите Cybertrack, Model 3 и Model Y за источниот дел на Северна Америка.

Мusk порачува дека Tesla ќе продолжи да се шири во Калифорнија, каде планира да се произведуваат Tesla Model S и Model X за глобална испорака, како и Tesla Model 3 и Tesla Model Y за Северна Америка.

Просторот на кој ќе се гради фабриката е со големина од околу 2.000 хектари и ќе биде оддалечен 15 минути од центарот на Austin. Фабриката, како што Мusk ја најави, ќе биде „еколошки рај“ и ќе биде отворена за јавноста.

„Ќе изградиме фабрика која ќе биде зачудувачка, а се наоѓа точно на реката Колорадо“, вели Мusk.

Тој додава дека во близина ќе има велосипедски и пешачки патеки.

„Тоа ќе биде практично еколошки рај“.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments