Tesla се највредните производители во 2020

Tesla вреди повеќе од Coca Cola, Disney, Toyota

Во изминатата година, акциите на Tesla пораснаа за скоро 350 проценти, достигнувајќи ја проценетата вредност за седум пати поголема отколку во истото време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е прескапа, со оглед на количината на автомобили испорачани ширум светот.

Jа надмина Toyota според пазарната вредност и стана највредниот производител на автомобили во светот. Веднаш на второ место е Toyota, додека Tesla е повеќе од двојно повредна од Volkswagen.

Toyota беше кратко на првото место, но најновите бројки покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на Tesla сега е околу 207,6 милијарди американски долари, што е за неколку милијарди повеќе отколку што вреди Toyota.

Tesla е исто така повредна од Coca Cola, Disney, Cisco, Мерк и Ecson Mobile.

Многумина сметаат дека Tesla е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, Tesla испорачала нешто помалку од 400.000 електрични возила ширум светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од Tesla.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments