Објавени цените на новите Intel 11th gen Rocket Lake процесори!
Филмот ќе има буџет од над 200 милиони долари
Приказната на филмот со The Gray Man е базирана на книга од 2009 на авторот Марк Грини, а главниот лик е поранешен CIA оперативец кој е бркан од страна на поранешен соработник.
Овој филм се планира да стане наводно позната франшиза, што значи се очекуваат повеќе делови.
Netflix почна со подготовки за снимање на својот досега најскап филм, односно филм со буџет од над 200 милиони долари.
Поради пандемијата, не е точно јасно кога би почнало снимањето, па филмот треба да се очекува најрано до крајот на идната година, но не и порано.

Главните улоги на филмот ќе ги играат Рајан Гослинг и Крис Еванс, а исто така режијата ќе биде од познатите браќа Русо, меѓу другите, кои се познати по Avengers: End Game и други филмови.
Ова покажува дека Netflix продолжува со сопствената продукција на филмови од кои досега доста од нив се покажаа како посебно успешни. Може само да го дадеме примерот на одличниот The Irishman.