Tom Cruise изнајмил брод со вредност од 700.000 долари, за да продолжи со снимањето на Mission Impossible 7
Главниот актер на Mission Impossible 7 само што потврди дека нема мисија која што е невозможна за него. Според извештаите, Cruise неодамна изнајмил брод од 700.000 долари само за да продолжи со снимањето на 7миот дел од акциониот филм, што е можно побрзо.
Причината за ваквиот чекор на Cruise е за да ги заштити сите вработени кои работат за снимањето на филмот од коронавирусот. Бродот има капацитет за 500 луѓе што е доволно за бројот на вработени.
Се очекува филмот да дебитира на филмските платна во 2021 година. Tom Cruise исто така планира да снима филм во вселената заедно со NASA.