Трејлер за македонската видео игра „Skopje“

Објавен тизер трејлер за македонската игра „Skopje“

Како што веќе најавија од „Dark-1“, целта е да го доловат безвременскиот дух на градот во едно пост-апокалиптично сценарио, кое може да се поврзе со пост пандемискиот период. Воедно, сакаат и да ја разбудат љубопитноста на светските гејмери за Скопје.

Целта на играчот е да го истражува уништениот град, да ги открие причините зад неговото уривање, да ја надмине хордата на обезличени и мутирани суштества коишто го доминираат градот, да обезбеди ресурси за да опстои и најважно да преживее, објаснија од студиото.

Играта ќе биде FPS (first-person shooter) во стрип стил со roguelike елементи и делумно отворен свет за истражување.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments