ТРАМП ИМА МНОГУ ТРАМП ПАСВОРД НА ТВИТЕР.

Холандски хакер наводно го открива пасвордот на Трамп и тоа многу лесно, и плус тврди дека американскиот претседател нема вклучено ни второстепена автентикација на својата сметка.

За тие што ги интересира пасвордот е: „maga2020!“ без наводниците, а го објавува Виктор Геверс, безбедносен експерт кој во еден момент можел да твита во името на Трамп, да ги чита и пишува директни пораки и се останато што може да се направи со пасворд од Твитер.

Геверс кој претходно во 2016 исто така успева да упадне во Твитер сметката на Трамп, тврди дека сега пасвордот го погодил од 5-тиот обид.

„Очекував дека ќе ме блокираат по четири неуспешни обиди. Или барем дека од мене ќе бидат побарани дополнителни информации,“ ја пренесува Гардијан изјавата на Геверс.

Самото тоа што упаѓа во Твитер сметката со 87 милиони следбеници, прилично го вади од памет Геверс, па тој решава за тоа да ги алармира останатите.

“Тој испраќа пораки преку Твитер во кои предупредува дека сметката на Трамп не е безбедна. Притоа тој ги тагира ЦИА, Белата куќа, ФБИ, и самиот Твитер. Не добива никаков одговор,“ пишува холандскиот весник Де Волкскрант, кој ја објавува веста.

Еден ден подоцна Геверс забележал дека на Твитер сметката на Трамп била активирана второстепена автентикација. Два дена подоцна тој бил контактиран од американската Тајна служба, која му се заблагодарила што им го посочил проблемот.

Кога Геверс во 2016 упаѓа во Твитерот на Трамп, пасвордот е: „yourefired“.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments