Twitch се премести на Prime Gaming

Омиленото место за гејминг видеа и подкасти Twitch, e со ново име Prime Gaming

Омиленото место за гејминг видеа и подкасти Twitch, e со ново име Prime Gaming. Со ова и оваа платформа го следи моделот на телевизијата Prime Video и библиотеката Prime Reading.

Платформата продолжува да функционира како и досега, досегашните претплатници на Twitch Prime и натаму ќе можат да ја користат претплатата да се претплатат на некој стример.

Причината за ова е што платформата ќе добие можност за преплати и од сите Amazon Prime претплатници.

Добра вест за сите претплатници е дека праксата за уникатна содржина ќе продолжи, а најавени се одлични наслови. Grand Theft Auto Online, Red Dead Online, Apex Legends, FIFA 20, League of Legends ќе имаат ексклузивна содржина.

Долго пред Twitch да стане Prime Gaming, пред повеќе од 10 години гејминг платформата започна под името Justin.tv. Во 2013 Џастин Кан, Емет Шир, Мајкл Сибел и Кај Вогт креираа веб страница која на сите им овозможуваше да споделуваат видеа во живо.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments