Twitter со нова опција за „гласовен твит“

Twitter неочекувано го воведе „гласовен твит“

Најпопуларната платформа во моментот, Twitter, го започнува новиот период на гласовен твит. Со новата карактеристика во платформата, ќе можат да се споделат гласовни снимки на твитови.

Twitter продолжува да воведува иновации на својата платформа. Последната воведена карактеристика во платформата се гласовните снимки кои ќе можат да се споделуваат како твит. Оваа карактеристика која за сега е пуштена само за корисници на iOЅ, во моментов можат да ја користат само одредени корисници.

Маја Петерсон и Реми Бургоин од Twitter, во еден блог напис се изразија на следниов начин:„ Понекогаш 280 карактери не се доволни и се губат некои нијанси специфични за говорот. Почнувајќи од денес, тестираме нова функција што ќе додаде повеќе човечки допир на начинот на кој го користиме Твитер.“

Новата карактеристика на Twitter

Доколку еден од одредените корисници кои можат да ја користат оваа карактеристика, за време на пишување на твит веднаш до иконата камера ќе видите и икона за гласовно снимање. Доколку кликнете на оваа икона на долниот дел од вашиот екран ќе се појави една црвена точка, задржете ја црвената точка и започнете го вашиот гласовен твит.

Според изјавата на Twitter, гласовниот твир ќе има ограничување од 140 секунди, но доколку го надминете времетраењето не претставува никаков проблем бидејќи веднаш ќе започне нов гласовен твит.

Карактеристиката за гласовно снимање може да се додаде само на оригинален твит. Така што додека одговорувате на некој не може да ја користите оваа карактеристика. Друга забележителна карактеристика е тоа што вашата профилна фотографија ќе можете да ја додадете визуелно врз гласовниот твит. Споделените гласовни твитови ќе можете да ги слушате благодарение на копчето „Започни“. За време на слушање на вашиот твит, на iOS на долната страна од екранот ќе се појави една лента за репродукција така што ќе можете да се шетате низ насловната страна додека го слушате твитот.

Со оваа одлука се појавуваат и прашања за пристапност. Twitter кој одговори на прашањето какви леснотии им нуди оваа карактеристика на лицата со попрчности за слух, наведе дека оваа карактеристика моментално е на тестирање и се обидуваат да откријат нови начини за вакви ситуации.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *