Twitter воведе избор за кој може да одговори на твитовите

Промената ќе може да се прави при објава на мрежата

Корисниците ќе имаат избор од три прилагодувања, односно две нови кои треба да го подобрат корисничкото искуство и да промовираат значајни разговори.

После успешно завршено тестирање, Twitter од оваа недела на сите корисници ќе им овозможи да можат да изберат кој ќе може да се вклучи во нивната дискусија со коментари.

Изборот ќе биде составен од три можности, односно првата ќе биде стандардната, сите да може да одговорат на твитот, втората ќе ги ограничи одговорите само на тие кои корисникот ги следи, додека третата можност ќе им дозволи да одговорат само корисниците кои се споменати.

Според Twitter, од тестот кој го имаат направено на оваа нова функција, корисниците истакнале дека се имаат чувствувано побезбедно да објават нешто на мрежата и да започнат дискусија.

Изборот за одговорите ќе им биде достапен на сите корисници на Android и iOS.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments