Филмската адаптација на играта Uncharted заврши со снимање по 10 години!

12 години подоцна и по неколку промени на режисерите, филмот во кој што глуми Tom Holland – Uncharted конечно заврши со продукцијата. Ова беше наизглед невозможно да се случи, нешто што само минатата година изгледаше како сон: филмот Uncharted заврши со снимањето.

За нормален блокбастер од Холивуд завршувањето со снимањето е обична вест, но не за филм кој ја започнал продукцијата во 2008 година. Еве како се одвиваше целата работа околу овој филм во кратки црти:

Во интервју во 2008 година за гејминг сајтот Kotaku, Avi Arad спомна дека работи на голем проект, односна адаптација на видео играта Uncharted на големото платно. Во 2010 беше објавено дека David O. Russell беше повикан да му помогне на Arad околу проектот. Истата година Mark Wahlberg потврди дека постои интерес да глуми во филмот. Во 2011 Russell беше отпуштен од проектот и како негова замена беше донесен Neil Burger. Но ова не е последниот човек кој ќе биде заменет. Seth Gordon, Shawn Levy, Dan Trachtenberg и Travis Knight сите биле заменети на негово место.

И сега конечно Uncharted пристигнува, а негов официјален последен директор е Ruben Fleischer, а главниот лик го има Tom Holland, додека Wahlberg исто така има улога во филмот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments