Уред за комуникација со животни

Јапонски научници работат на развој на електричен уред

Станува збор за неврокомпјутерски интерфејс (NIC) кој го поврзува мозокот со машина со функционална магнетна резонанца, и содржи вештачка интелигенција која се користи.На пример при помош на лица со оштетен слух и говор.

Се работи за начин на поврзување на ентитет (човек, мачка или куче) кој не може да зборува, со техника што може.

Се очекува дека со ова, „читањето мисли“ ќе биде возможно и на поголема далечина.

Јапонската Влада неодамна објави „Бела книга“, во која се предвидува дека до 2040 година луѓето ќе можат да разговараат со своите миленици.

Слично истражување е веќе направено и во СAД, каде што е развиена технологија што може мислите на кучето да ги пренесе писмено или гласовно преку компјутер или паметен телефон.

Јапонските научници се надеваат дека уредот што сѐ уште е во развој, ќе може да се користи и во случај на несреќи, природни непогоди, трагање и помош на жртвите, откривање на експлозивни направи и слични потфати.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments