Вечерва е метеорскиот дожд Персеиди

Секоја година меѓу 17 јули и 24 август на небото се случува вистински спектакл

Секоја година меѓу 17 јули и 24 август на небото се случува вистински спектакл – метеорскиот дожд Персеиди. Кулминацијата на оваа небесна појава е вечерва и утревечер.

Неколку илјади тони различни честички и прашина влетуваат во нашата атмосфера секоја година, а огромна количина од овие честички согорува во атмосферата и не стигнува до површината на Земјата.

Брзината со која честичките влетуваат во атмосферата на нашата планета се движи во интервал од 30 до 70 км/ч, а светлосната појава метеор настанува на височина од 80 до 120 километри.

Во изминативе години, за време на максималната активност на Персеидите можеше да се забележат и по 80 до 100 метеори во еден час.

Персеидите можат да произведат еден до два метеора во минута за одреден набљудувач под темно, рурално небо. Било какво светлосно загадување или месечева светлина значително го намалува бројот на видливи објекти.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *