Ви го претставуваме првиот телефон што се мие со сапун (ВИДЕО)

Ефектот се постигнува благодарение на технологијата Biomaster.

Компанијата за технологија Bullitt го претстави првиот антибактериски телефон во светот – CAT S42.

Основниот модел може да се купи за 229 евра, додека верзијата со технологија Biomaster ќе биде достапна следната година.

Производителот планира да ја претстави антибактериската опција и на други уреди – S52 (380 евра и S62 (599 евра).

Сребрени јони

Како што е соопштено, S42 не убива бактерии и вируси (вклучително и COVID-19), но спречува размножување на патогените микроорганизми.

Ефектот се постигнува благодарение на сребрените јони вградени во материјалот, за време на производството.

Bullitt тврди дека технологијата Biomaster ја намалува количината на бактерии за 80% во рок од 15 минути, како и 99% во рок од 24 часа.

Издржлив и отпорен

Телефонот има 5,5-инчен дисплеј, заштитно стакло Corning Gorilla 5S, а се напојува со чипсет MediaTek Helio A20.

Има 3 GB RAM и 32 GB простор за складирање.

Отпорен е на вода (длабочина до 1,5 метри), како и на удари и падови, благодарение на куќиштето од не’рѓосувачки челик.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments