Viber прекина соработка со Facebook

Во среда Viber ги повлече сите реклами од Facebook.

Апликацијата за комуникација Viber која е пети најголем сервис во светот ги прекинува сите односи со Facebook и не е единствена која тоа го направила со оглед на растечкиот број на комерцијални партнери.

Во среда Viber ги повлече сите реклами од Facebook и неговата сестринска социјална мрежа Instagram. Бојкотот го продолжуваат со интензивно отстранување на сите Facebook технологии од апликациите на Viber, пренесува Guardian.

Кампањата иницијално започнала во САД откако Facebook одбил да направи нешто по повод објавите на Доналд Трамп за кои критичарите велат дека поттикнуваат насилство. Незадоволството сега прерасна во меѓународно движење.

Viber кој е во сопственост на јапонскиот конгломерат Ракутен, опфаќа најголем дел од пазарот во источна Европа, југоисточна Азија и северна Африка.

Извршниот директор Џамел Агаоуа рекол дека одлуката за прекинување на соработката е донесена после лошата проценка на Facebook за нивната улога во денешниот свет.На Viber во иднина нема да постои опција за пријавување преку Facebook

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments