Високи температури измерени на северот на Норвешка

Рекордни високи температури измерени на северот на Норвешка

Свалбард, норвешки архипелаг на Арктикот, во саботата го надмина рекордот на температурата достигнувајќи 22 степени Целзиусови, објави норвешкиот метеоролошки институт.

Претходниот рекорд го достигнал на 16 јули 1979 година, кога биле измерени 21,3 степени, вели метеорологот Кристем Гислфос. Групата острови познати како Спицберг се наоѓа илјада километри од Северниот пол.

Саботниот температурен рекорд, кој би требало да потрае до понеделник, е далеку над вообичаените температури за ова годишно време. Во јули, кој е најтоплиот месец на Арктикот, температурите на Свалбард се движат од 5 до 8 степени Целзиусови.

Според официјалниот норвешки извештај, „Климата во Свалбард 2100“, просечната температура на Свалбард за периодот од 2070 до 20100 година би требало да порасне од 7 до 10 степени во однос на периодот 1970 до 2000 година, ако продолжи човечкото влијание на климата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *