Vitronic камера отпорна на оган,вода и куршуми

Kамера со најдобра заштита од вандализам

Камерите за мерење на брзината во сообраќајот често пати се жртви на незадоволните возачи кои ги сликаат, ги палат, пукаат во нив или наоѓаат некој друг начин како да ги оштетат.

Засега камерата Vitronic се тестира во Германија, а веќе е познато дека сериската верзија ќе чини околу 150.000 евра.

Компанијата Vitronic создала камера која е отпорна на оштетувања и може да се поместува од позиција на позиција, затоа што е во вид на приколка за товар.

Во самостоен режим, камерата може да работи до 10 дена, со капацитет од околу 1000 фотографии на ден. Ако ситуацијата стане критична, можно е да се замени батеријата без да се прекине работниот процес.

Тука е и фактот дека буквално секој автомобил може да ја поврзе приколката со камерата и да ја позиционира таму каде што сака полицијата.

Од Vitronic објаснуваат дека тие ја обезбедиле камерата со „најдобра заштита од вандализам“. Трупот е отпорен на куршуми, целосно водотпорен, а тркалата на приколката се целосно скриени.

Инсталиран е и автоматски систем за заштита од пожари, како и систем за тревога доколку се најде некој кој е многу упорен во „манипулирање“ со работата на фотоапаратот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments