Драг трка помеѓу Tesla Model Y и Lamborghini Huracan! [ВИДЕО]
Компанијата го прикажа концептниот телефон на CES
Vivo на социјалната мрежа Weibo објави видео од паметен телефон што може да ја менува бојата на задниот дел на куќиштето со едноставно притискање на копчето.
Смартфонот се уште нема име ниту датум на почетокот на продажбата, но секако донесува доста возбудувања.
Компанијата Vivo оваа функција jа овозможи со користење на електрохромското стакло, а истата технологија ја користеше и OnePlus за својот Concept One телефон за да ја скрие задната камера кога не се користи.
Компанијата го прикажа концептниот телефон на CES, кога со користење на електричниот сигнал ја менуваше транспарентноста на стаклото.
Криењето на камерата е интересна можност, но промената на бојата во секој случај е повисоко ниво и едвај чекаме да видиме како ќе изгледа финалниот производ.