Volkswagen го претстави Golf во караван верзија

Осмата генерација на најпопуларниот автомобил во нова верзија

Осмата генерација на најпопуларниот автомобил во Европа очекувано го доби своето караван издание, како и варијанта Alltrack.

Досега, покрај стандардниот Golf 8, имавме можност да ги запознаеме и неговите перформанс верзии: GTI, GTD и GTE, за сега пред нас да бидат и караванското издание како и верзијата Alltrack.

Golf Variant (официјалното име за караванското издание) никогаш не бил подолг, а зголемувањето се однесува и на меѓуоскиното растојание. Должината е 4,63 метри со растојание од 2,68 метри помеѓу предната и задната оска.

Предниот дел на Golf Variant е идентичен со хечбек верзијата, додека единствените промени во однос на надворешноста се видливи на задниот дел.

Гледаме различно групирање на светлата, поголем браник, но и спојлер.

Варијантата Alltrack сепак останува во понудата, иако се шпекулираше дека таа ќе биде укината. Alltrack останува доследен на својот досега „авантуристички“ изглед.

Golf Variant и Alltrack на европскиот пазар ќе бидат достапни подоцна оваа година.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments