Volkswagen Golf најпродаван автомобил во Европа

Volkswagen Golf повторно најпродаван во Европа

По краткиот престој на францускиот модел Renault Clio на тронот како најбаран во Европа, Volkswagen Golf на крајот од првото полугодие на 2020 година е на првото место.

Покрај првата позиција на Golf, Volkswagen, исто како и другите производители на автомобили, нема причина да слави. Имено, во периодот јануари-јуни се продадени 45,9% помалку единици Golf отколку во истиот период во 2019 година.

Со испорачани 134.045 единици во првите шест месеци од 2020 година, VW Golf ја држи првата позиција во однос на продажбата во Европа.

На второ место е Renault Clio, со испорачани 133.950 возила, со пад од 27%, додека на третото е уште еден Volkswagen, моделот Polo (продадени 103.620 автомобили, пад од 43,4%).

VW ја држи и четвртата позиција на листата на најпродавани модели во Европа, со SUV моделот Tiguan (99,559; -35,8%), додека на петтата позиција е Škoda Octavia (93.588; -32.9%).

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments