Volkswagen инвестира милијарди во кинеското производство
Планира да лансира 15 модели на електрични автомобили во земјата во 2025 година.
Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти дека ќе инвестира вкупно околу 15 милијарди евра во производство на електрични возила со три кинески заеднички вложувања. Средствата ќе бидат потрошени во периодот од 2020 до 2024 година.

Кина е најголемиот пазар на автомобили во светот, па затоа е разбирлива одлуката да се инвестира во развој на локалното производство. Партнери за заедничко вложување на Фолксваген вклучуваат кинески компании FAW Group, SAIC Motor и JAC, објави Ројтерс.