Вредни и нечујни: Секој ќе ги посака овие cyber-бубачки во својот дом (ВИДЕО)

Експертите од универзитетот Цукуба презентираа интересен проект.

Јапонски истражувачи развиваат проект за сајбер-лебарки, кој во блиска иднина ќе „шета“ слободно во нашите домови и ќе извршува сложени задачи.

Тим експерти од Универзитетот во Цукуба ги „опремија“ лебарките од Мадагаскар со специјални импланти, за да можат да ги контролираат.

Инсектите носат и електроди, минијатурни антени и батерии, а поради нивната големина и мобилност тие „работат“ на најнепристапните локации.

Обединети како мравки

Научниците тврдат дека лебарките носат предмети низ куќата, цртаат на хартија и можат да служат и како аудио предаватели.

Еден од најголемите видови во светот, лебарката Мадагаскар, беше избран за проектот поради неговата мобилност и изразената снаодливост во криењето.

„Покрај независна работа, успешно ја тестиравме и опцијата за здружување, според принципот на колонија на мравки. „Лебарките цртаа и транспортираа предмети“, беше објавено.

Специјален тим развива сајбер инсекти, кои ќе извршат извиднички мисии за армијата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments