Watch Dogs 2 ќе биде бесплатна

Watch Dogs 2 ќе биде бесплатна

За време на Ubisoft Forward дигиталната конференција, која се очекува да започне на 12 јули, во 19:30, Ubisoft вети бесплатни работи. Една од тие работи ќе биде и Watch Dogs 2.

За време на дигиталната конференција ќе се откриваат работи за најновите игри на Ubisoft. Но, доколку не сте премногу заинтересирани за иднината на Аssassin’s Creed Valhalla, Watch Dogs Legion, Hyper Scape и многу други, можете да пробате да ја подигнете Watch Dogs 2.

Еве на што треба да внимавате доколку сакате да ја зграпчите играта. Мора да се најавите во Uplay помеѓу крајот на Trackmania приказот и крајот на клавното шоу. Trackmania ќе се прикажува некаде по 19:30 часот, а главното шоу започнува веднаш по тоа, односно по 21:00 часот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments