ПО ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ WD ПОЧНА СО ПРОГРАМА ЗА ПОПРАВАЊЕ НА ГРЕШКАТА КОЈА ГО ПРЕДИЗВИКУВАШЕ ТОА!

Western Digital објави дека започна програма за поправка на моделите WD My Book Live кои се соочуваа со загуба на податоци.

Како што може да се сетите, корисниците на WD My Book Live неодамна изјавија дека наидоа на неочекуван проблем кога ги изгубија сите свои податоци зачувани на мрежниот диск за складирање (NAS).

По настаните, компанијата го призна овој проблем и им препорача на корисниците да ги исклучуваат своите уреди My Book Live од интернет, за да спречат какви било проблеми до ново известување.

Сега компанијата излезе со известување дека работат на решение кои ќе го спречи овој несакан проблем.

Модели кои беа погодени од проблемот:

  • My Book Live WDBACG0030HCH
  • My Book Live WDBACG0020HCH
  • My Book Live WDBACG0010HCH
  • My Book Live Duo WDBVHT0080JCH
  • My Book Live Duo WDBVHT0060JCH
  • My Book Live Duo WDBVHT0040JCH
0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments