WhatsApp го менува изгледот! Откриваме новости за позадината и стикерите (ВИДЕО)

Понуден е поголем избор на слики, прилагодени на режимот „dark“ и „light“.

Популарниот месенџер WhatsApp доби ново ажурирање, а промените се однесуваат на позадината и стикерите.

Понуден е поголем избор на позадини, прилагодени на режимот „dark“ и „light“. Покрај тоа, корисниците ќе можат да доделат различна слика на секоја група (или контакт), правејќи го полесно да ги препознаат.

„Избравме нови, уникатни сцени на архитектура и природа од целиот свет, како и атрактивни решенија за дизајн“, велат од компанијата

Подобро пребарување позадините

Кога станува збор за позадините, WhatsApp го подобри нивното пребарување, но и категоризацијата во продавницата.

Среде пандемијата на короната, беше претставен пакетот „Заедно дома“ на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Independent.

Сопствениците на iPhone веќе уживаат во новитетите на популарниот месинџер, додека корисниците на Android ќе треба да почекаат уште неколку дена.

.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *