Ќе се смени структурата на Windows Insider

Ќе се смени структурата на Windows Insider

Windows Insider е  програм кој на корисниците им помага да ги тестираат ажурирањата на Micrоsоft  пред употреба. Без овој програм, би било сосема тешко да се воведува два пати во годината озбилно ажурирање. Можеме да кажеме дека малку е комплицирано користењето на овој програм.

Micrоsоft , се со цел да ја олесни работата на корисниците, структурата ја промени од ‘Ring’ во ‘Channel’, така што сега секоја икона ќе има објаснување. Исто така оваа состојба го променува начинот на проширување на ажурирањата.

Потоа ќе има промена од ‘Ѕlow Ring’ во ‘Beta Channel’. Тоа ни овозможува да ги тестираме ажурирањата пред употреба. Како на пример доколку почнете да го користите програмот Insider и станете корисник на ‘Beta Channel’, ќе добиете тест употреба на ажурирањето 20H2 кое ќе биде објавено во есен.

Како за крај ќе прмеине од Release Preview Ring во Release Preview Channel. Како и претходно, овој чекор ни овозможува да ги тестираме ажурирањата пред самото објавување во јавност. Исто така, најдобро одговара за компании и OEM-и кои сакаат да го проверат својот хардвер и софтвер за тековното големо ажурирање.

Овие структури ќе бидат структури целосно поддржани од страна на Micrоsоft. Доколку сте заинтересирани за процесот на развивање на Windows 10 слободно можете да дојдете до програмот следејќи ги следниве чекори: Нагодувања> Ажурирања и безбедност> Windows Insider.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments