Откриени информации кои ги прикажуваат карактеристиките на OnePlus 9 Pro!
Xiaomi се подготвува да претстави нов смартфон
Се работи за моделот Mi 10T Pro со главна камера од 108 MP, батерија од 5.000 mAh и екран со фреквенција на освежување од 144 Hz.
Според досегашниот извештај, овој уред се очекува до крајот на септември, а најверојатно ќе има 6,67-инчен IPS LCD екран со резолуција од 2.340х1080 пиксели, 8 GB RAM и 128/256 GB интерна меморија, главна камера од 108 MP, телефото од 8 и ултраширока од 20 MP. Селфи камерата ќе има 20 MP.

Фотографијата која настана во продавницата на Xiaomi открива дека Mi 10T Pro ќе чини 699 евра. Исто така, на фотографијата се гледа дека ќе го користи новиот Qualcomm Snapdragon 865 процесор.
Ќе има можност за снимање во 8К и 4К.
Смартфонот ќе користи Android, ќе поддржува 50W брзо полнење.
