Xiaomi Mi 10T Pro пристигнува со 108MP главна камера

Се појавија официјални рендери

Се појавија официјални рендери кои наводно го прикауваат претстојниот Xiaomi Mi 10T Pro телефон и откриваат некои детали за камерата на задната страна на уредот.

Xiaomi Mi 10T Pro ќе има поддршка за 5G конекција, благодарение на Snapdragon 865+ Чипсетот. Засега не е познато дали Xiaomi Mi 10T Pro, како и стандардниот модел ќе бидат достапни надвор од Кина.

Ознаката „108MP camera“ е јасно видлива под големиот модул во горниот лев агол на телeфонот.

Тука се работи за троен систем на камери, иако изгледа дека се во прашање четири камери – функцијата на сензорот во горниот десен агол не е позната (можеби во прашање е ласерски автофокус).

Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа од страна на рамките на телефонот. Гласините сугерираат дека екранот ќе биде LCD со 144Hz стапка на освежување.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments