Xiaomi Mi Ebook Reader ќе стане достапен глобално

Xiaomi Mi Ebook Reader наскоро ќе стане достапен глобално

Сертификат покажува дека Xiaomi Mi Ebook Reader ќе користи Bluetooth 5.0 конекција. Да потсетиме, MiReader има 6-инчен e-Ink дисплеј со 221 ppi густина на пиксели.

Тука е и предниот LED со 24 нивоа на подесување, за корисникот да може да чита во темнина. Уредот го покренува Allwinner процесор.

Xiaomi минатата година го претстави својот прв читач на електронски книги – MiReader. Сега уредот се очекува глобално, под името Mi Ebook Reader. Производот е забележан во Bluetooth SIG базата, а Bluetooth сертификатот е потврден на 23. јули.

MiReader e достапен и со 1GB RAM и 16GB простор за складирање, а поддржува неколку формати, вклучувајќи epub, PDF, DOC, XLS, TXT и PDF. Корисниците можат да уфрлаат и свои содржини на уредот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments