Xiaomi Mi Smart Band 4C

Xiaomi го претстави Mi Smart Band 4C

Xiaomi претстави исклучително достапна паметна нараквица, под името Mi Smart Band 4C. Уредот го каракетризира работен век на батеријата од 14 дена, 1.08-инчен екран, следење на работата на срцето и голем број фитнес модови, а сето тоа по ниска цена.

Паметната алка има поддршка за следење на пет различни спортски модови – трчање на отворено, вежбање, возење на велосипед, подвижна лента и брзо одење. Исто така, може да го следи спиењето, да брои чекори и да дава известувања доколку корисникот бил предолго неактивен.

Mi Smart Band 4C има 1.08-инќен TFT екран со 128 x 220p резолуција и 200 нита осветлување. На батеријата од 130mAh и се потребни околу два часа да се наполни до врв, преку USB портот на уредот.

Преку уредот е можно да се добиваат известувања, дојдовни повици од телефонот, како и контролирање на музиката. Нараквицата е тешка само 13 грама и има 5ATM водоотпорност.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments