Xiaomi накоро ќе го претстави Black Shark 3S

Xiaomi наскоро ќе ја претстави новата верзија на смартфонот за гејмери

Минатогодишниот Black Shark 2 немаше премиера заедно со Pro верзијата која подоцна понуди некои нови можности, а се очекува дека и 3S ќе има само минимални подобрувања.

На кинеската социјална мрежа Weibo се појави тизер за смартфонот Black Shark 3S, како и датум за неговата промоција – 31 јули.

Откако се појави Black Shark 3, на пазарот стигнаа и ривалите во сегментот гејмерски смартфони – Nubia Red Magic 5G, Asus ROG Phone 3 и Lenovo Legion Phone Duel, а многу од нив имаа подобри спецификации од уредот на Xiaomi.

Малку се знае за Black Shark 3S, а се очекува дека ќе има Qualcomm процесор Snapdragon 865 Plus. Black Shark 3 имаше стандарден Snapdragon 865, а подоцна стигна верзијата Pro со неколку оптимизации кои го направија уредот подобар за играње.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments