Според информации од Кина, Xiaomi подготвува телефон од 16 GB RAM

Според информации од Кина, Xiaomi подготвува телефон од 16 GB RAM

Според некои извори од Кина, Xiaomi работи врз телефон со 16 GB RAM. Иако се споменува дека во однос на дизајн, уредот ќе личи на Mi Mix Alpha, сепак изјавата на овластените од Xiaomi што ја објавија пред неколку дена е малку збунувачка.

Компанијата Xiaomi која во последно време е една од најпопуларните компании во индустријата на паметни телефони. Неодамнешните гласини тврдеа дека Xiaomi работи врз камера со способност на 100х zoom. Новите гчасини тврдат дека Xiaomi нема да се штиди во однос на дизајн.

Според информации дадени од извори од Кина, Xiaomi работи врз телефон со 16 GB RAM. Се очекува дека овој уред ќе биде дел од серијата Mi Mix но сеуште не се знае дефинитивно.

Изворите дадоа информации само околу RAM капацитетот. Исто така нагласуваат дека телефонот е сеуште во фаза на развивање и дека ќе биде една верзија на моделот Mi Mix Alpha што ќе биде во продажба. Исто така се очекува дека телефонот ќе има 5G врска и дека ќе биде напојуван од процесор Snapdragon 865, но овие очекувања ја намалуваат шансата да биде верзија на Mi Mix Alpha.

Заменик директор за маркетинг на Xiaomi, Xiao Zang, неодамна во неговата изјава кажа дека Mi Mix Alpha нема да има процесот Snapdragon 865.  Така што новиот уред со 16 GB RAM и да биде од серијата Mi Mix сепак нема да биде Mi Mix Alpha.

Напредувањето на индустријата на паметни телефони, секако дека влијае врз карактеристиките на телефоните. Xiaomi нема да биде прва компанија која ќе произведе телефон со 16 GB RAM.  Сепак зголемувањето на меморискиот капацитет на Xiaomi, се очекува дека ќе ги предизвика и другите компании да произведуваат телефони со 16 GB RAM, тоа значи дека во иднина ќе гледаме повеќе телефони со 16 GB RAM.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments