Xiaomi претстави гејминг монитор

Xiaomi претстави 34-инчен гејминг монитор

Xiaomi Mi Curved Gaming мониторот е достаоен во продажба по цена од 399 евра.

Компанијата Xiaomi во својата линија монитори го додаде најновиот модел наменет за гејминг популацијата. Mi Curved Gaming мониторот е UltraWide модел од 34 инчи, со 21:9 однос на страници.

Xiaomi се одлули за дизајн речиси без рамки. Панелот од 34 инчи има изворна резолуција од 3440 x 1440p и стапка на освежување од 144Hz. Одзивот на екранот изнесува 4ms, а тука е и закривеноста од 1500R.

Мониторот го карактеризира 121% покриеност на sRGB спектарот на бои, осветлување од 300 нита и 3000:1 контраст. Од приклучоците се достапни 1x DisplayPort 1.4, 2 x HDMI 2.0 порта, 1x аудио порт.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments