YouTube го копира TikTok?

YouTube почна да го копира TikTok

Youtube почна да ја тестира новата карактеристика која им овозможува на корисниците да споделуваат видеа од 15 секунди. Новата карактеристика на YouTube премногу наликува на форматот на TikTok. Со овој чекор можеме да сфатиме дека YouTube сака да се натпреварува со TikTok.

Најголемата платформа за споделување видеа, YouTube, изјави дека работи врз карактеристика која наликува на TikTok. Во изјавата во врска со оваа нова карактеристика, YouTube изјави дека корисниците прекуннивните мобилни уреди ќе можат да снимат и споделат видео долго 15 секунди. Карактеристика ќе може да се најде во делот „Креирај ново видео“.

Започнувањето со снимање, се случува со притискување на копчето „започни“ исто како и на TikTok. По започнувањето, корисникот може со еден клик на екранот да започне од почеток со снимањето. YouTube автоматски ги спојува видеата снимени со паузи.

Сеуште не се знае дали ќе има филтри и ефекти

YouTube сеуште не даде детална изјава во врска со новата карактеристика. Така што сеуште не се знае дали ќе може да се воведуваат филтри, ефекти и музика.

YouTube не воведува за прв пат некоја карактеристика која се наоѓа на различна платформа. Во 2017 година YouTube, ја воведе карактеристиката за споделување стори како и на Instagram. Така што, според нас е пологична карактеристиката со видео од 15 секунди од стори.

YouTube, изјави дека карактеристика во моментов ја тестираат со мали креатори на видеа. Според изјавата на компанијата, тестирањето на карактеристиката врз Android и iOS се само дел од тестирањата.

Овој чекор на YouTube кој ќе го вознемири TikTok, се случи токму кога TikTok изјави дека создаде нов начин за реклами. Денес TikTok, го најави TikTok For Business кој ќе можат да го користат само марки и компании. Оваа нова страница беше објавена како платформа каде оние што сакаат да се рекламираат на TikTok можат да ги видат понудите на компанијата за рекламирање и да создадат кампањи.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments