YouTube отстрани 2 милиони канали

YouTube отстрани 2 милиони канали и над 50 милиони видеа

Во периодот од јануари до март годинава, YouTube отстранил 1.975.135 канали и со тоа избришале повеќе од 51 милиони видеа од платформата.

Во 87,5% од случаите, каналите биле отстранети поради обид за измама, спам или објавување содржина што ги довела во заблуда корисниците.

YouTube брише канал кога ги крши Упатствата за Заедницата три пати за 90 дена. Каналот исто така може да се отстрани од платформата поради кршење на законот.

Кога YouTube отстранува канал, сите видеа на каналот исто така се отстрануваат. Така, во првите три месеци од оваа година, YouTube отстрани 51 милиони видеа.

Каналите биле отстранети од повеќе причини, но во најголем дел причините биле измамите и спамувањето.

Платформата на Google отстрани скоро 158.000 или околу 8% од каналите, поради голотијата и сексуалната содржина. Околу 51.000 или 2,6% од каналите биле отстранети поради кршење на правилата на YouTube за безбедност на децата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments