YouTube укина една од најстарите функции

YouTube ќе ја укине една од најстарите функции.

Станува збор за додавањето на преводи на видеата од страна на заедницата на корисници.

Уште од самите почетоци на YouTube секој корисник можеше на одредени видеа да напише сопствен превод на јазик по избор и да го достави на одобрување до тој што го објавил видеото.

По одредено време преку сервисот Community Contributions тие преводи кои имаа најдобра оценка автоматски се поставуваа како CC во самото видео.

Видеата кои се објавени на англиски јазик немаат голем проблем да бидат прифатени од публиката бидејќи се на светски најраспространетиот јазик.

Од друга страна пак, било кое видео кое не е на англиски јазик, а привлекува големо внимание често добиваше соодветен превод од корисниците.

Сега Google најавува дека ќе го укине сервисот за додавање на титлови преку Community Contributions.

На објавувачите ќе им биде овозможено да ги користат алгоритмите на YouTube за автоматско креирање на титл преку препознавање на глас.

Ова функционира само за јазици како англискиот и видеата добиваат прилично квалитетен автоматски генериран превод, додека пак за останатите јазици корисници ќе мора да бараат други решенија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments